Heathrow Airport is one of the few places in England you can be sure of seeing a gun. These guns are carried by policemen in short-sleeved shirts and black flak-jackets, alert for terrorists about to blow up Tie-Rack. They are unlikely to confront me directly, but if they do I shall tell them the truth. I shall state my business. I’m planning to stop at Heathrow Airport until I see someone I know. (...)
Astonishingly, I wait for thirty-nine minutes and don’t see one person I know. Not one, and no-one knows me. I’m as anonymous as the drivers with their universal name-cards (some surnames I know), except the drivers are better dressed. Since the kids, whatever I wear looks like pyjamas. Coats, shirts, T-shirts, jeans, suits; like slept-in pyjamas. (...)
I hear myself thinking about all the people I know who have let me down by not leaving early on a Tuesday morning for glamorous European destinations. My former colleagues from the insurance office must still be stuck at their desks, like I always said they would be, when I was stuck there too, wasting my time and unable to settle while Ally moved steadily onward, getting her PhD and her first research fellowship at Reading University, her first promotion.
Our more recent grown-up friends, who have serious jobs and who therefore I half expect to be seeing any moment now, tell me that home-making is a perfectly decent occupation for a man, courageous even, yes, manly to stay at home with the kids. These friends of ours are primarily Ally’s friends. I don’t seem to know anyone anymore, and away from the children and the overhead planes, hearing myself think, I hear the thoughts of a whinger. This is not what I had been hoping to hear.
I start crying, not grimacing or sobbing, just big silent tears rolling down my cheeks. I don’t want anyone I know to see me crying, because I’m not the kind of person who cracks up at Heathrow airport some nothing Tuesday morning. I manage our house impeccably, like a business. It’s a serious job. I have spreadsheets to monitor the hoover-bag situation and colour-coded print-outs about the ethical consequences of nappies. I am not myself this morning. I don’t know who I am. | Аеродромот Хитроу е едно од малкуте места во Англија каде што сигурно може да видите пиштол. Пиштолите ги носат полицајците со маици со кратки ракави и црни панцири, на готовс за терористи спремни да го кренат Тај Рек во воздух. Не е веројатно дека ќе ми се обратат директно, но ако го направат тоа, ќе им ја кажам вистината. Ќе си кажам што ми е работата. Планирам да седам на аеродромот Хитроу додека не видам некој познат. (...) За чудо, чекам триесет и девет минути и не гледам ниту еден познат. Ниту еден, а и никој не ме познава мене. Анонимен сум како возачите со универзални беџови (некои од презимињата ги знам), освен што возачите се подобро облечени. Од децата наваму, што и да носам личи на пижами. Палта, кошули, маици, фармерки, костуми; како пижами во кои се спиело. (...) Се слушам како мислам на сите луѓе кои ги знам кои ме разочарале со тоа што не заминале рано наутро во вторник за некоја гламурозна европска дестинација. Моите поранешни колеги од осигурителното друштво мора да се заглавени на нивните бироа, како што реков дека ќе бидат кога и јас без заглавен, трошејќи си го времето и не можејќи да се средам додека Ели сигурно се движеше нагоре, доби докторска титула и стипендија за своето прво истражување на Универзитетот Рединг, прво унапредување. Нашите неодамнешни возрасни пријатели, кои имаат сериозни работи и кои затоа не очекувам да ги видам во моментов, ми велат дека домаќинството е сосема пристојно занимање за маж, дури и храбро, да, машки е да седиш дома со децата. Овие наши пријатели се пред сè пријатели на Ели. Ми се чини дека веќе никого не познавам, и далеку од децата и авионите горе, се слушам како размислувам, ги слушам мислите на еден плачко. Не се надевав дека ова ќе го слушнам. Почнувам да плачам, не со гримаси или липање, туку големи солзи тивко ми се тркалаат по образите. Не сакам никој познат да ми види како плачам, бидејќи не сум тип на човек кој се скренува на аеродромот Хитроу некое никакво вторничко утро. Ја водам куќата беспрекорно, како фирма. Тоа е сериозна работа. Имам табели за следење на состојбата на вреќата од правосмукалката и отпечатени листови со кодови во боја за етичките последици од пелените. Не сум при себе ова утро. Не знам кој сум.
|