- „Би ја дал деснава рака за да бидам и левак и деснак.“
- „Кога ќе наидеш на вила на патот, земи ја.“ или „Штом наидеш на можност, зграпчи ја.“ (Заб. на прев. вила – вид алат)
- „Може да забележиш многу само со гледање.“
- „Никој веќе не оди таму. Преполно е.“
- „Не можам да се концентрирам кога размислувам.“
- „Иднината не е тоа што беше.“
- „Нема да им купам енциклопедија на моите деца. Нека одат до училиштето како што правев јас.“
- „Изгубени сме, но напредуваме со неочекувано брзо темпо.“
- „Половина од лагите што ги кажуваат за мене не се вистинити.“
- „Доларот не вреди ни пат пари веќе.“ (Заб. на прев. Навидум реченицата нема смисла, бидејќи nickel е монета од 5 центи, а dime е монета од 10 центи. Но, нивната вредност овде е фигуративна, односно се алудира на големината на монетите. Монетата со вредност од 5 центи (nickel) е поголема од таа чија вредност е 10 центи, а и двете се направени од ист материјал - легура од никел и бакар. Според тоа, авторот сака да укаже дека доларот е сосема обезвреднет.)
- „Како дежаву е, се случува пак и пак.“
- „Не е готово сè додека не заврши.“
- Г-ѓа Линдзи: „Навистина изгледате ладно.“ Јоги Бера: „Благодарам, и вие не изгледате толку жешко.“
(Заб. на прев. cool - одлично)
- „Да беше светот совршен, немаше да постои.“