Competition in this pair is now closed, and the winning entry has been announced. Discussion and feedback about the competition in this language pair may now be provided by visiting the "Discussion & feedback" page for this pair. Entries may also be individually discussed by clicking the "Discuss" link next to any listed entry. Source text in French Ce que je vais raconter de ma première nuit de New York fera sourire les Américains;
aussi bien est-ce dans ce but que je l'écris. Dans un livre du merveilleux Rudyard Kipling,
je me rappelle avoir lu les épouvantes du sauvage Mowgli la première fois qu'il coucha
dans une cabane close: l'impression de sentir un toit au-dessus de sa tête lui devint bientôt
si intolérable, qu'il fut obligé d'aller s'étendre dehors à la belle étoile. Eh bien! J'ai presque
subi cette nuit une petite angoisse analogue, et c'étaient les gratte-ciel, c'étaient les grandes
lettres réclames au-dessus de moi, c'étaient les grands tonneaux rouges montés sur leurs
échasses de fonte; trop de choses en l'air, vraiment, pas assez de calme là-haut. Et puis, ces
six millions d'êtres humains tassés alentour, ce foisonnement de monde, cette superposition à
outrance oppressaient mon sommeil. Oh! Les gratte-ciel, déformés et allongés en rêve! Un en
particulier (celui du trust des caoutchoucs, si je ne m'abuse), un qui surgit là très proche, un
tout en marbre qui doit être d'un poids à faire frémir! Il m'écrasait comme une surcharge, et
parfois quelque hallucination me le montrait incliné et croulant...
C'est dimanche aujourd'hui; le matin se lève dans une brume lourde et moite; il fera une
des chaudes journées de cette saison automnale qu'on appelle ici «l'été indien». Sur New
York pèse la torpeur des dimanches anglais et, dans les avenues, les voitures électriques
ont consenti une trêve d'agitation. Rien à faire, les théâtres chôment et demain seulement je
pourrai commencer à suivre les répétitions du drame qui m'a amené en Amérique. Mais dans
le voisinage, tout près, il y a Central Park, que j'aperçois par ma fenêtre, avec ses arbres déjà
effeuillés; j'irai donc là, chercher un peu d'air et de paix. | The winning entry has been announced in this pair.There were 5 entries submitted in this pair during the submission phase. The winning entry was determined based on finals round voting by peers.
Competition in this pair is now closed. | Toa што ќе го раскажам за мојата прва ноќ во Њујорк ќе ги насмее Американците; токму и со таа цел го пишувам ова. Во една книга на чудесниот Радјард Киплинг се сеќавам дека прочитав за ужасот на дивиот Могли кога првпат спиел во затворена колиба: чувството да има покрив над глава наскоро му станало толку неподносливо што бил принуден да оди да се испружи надвор под отворено небо. Е баш така! Оваа ноќ речиси и да доживеав слична мала вознемиреност, беа тука облакодерите, големите букви-реклами над мене, беа тука големите црвени буриња качени на ногалки од лиено железо; премногу нешта во воздухот, навистина без доволно спокој на небото. И плус овие шест милиони човечки суштества набиени наоколу, овој вриеж од луѓе, оваа прекумерна натрупаност ми го задушуваше сонот. Ох! Облакодерите, деформирани и издолжени во сонот! Посебно еден (тој на монополот за каучук, ако не грешам), тој што никнува сега многу блиску, целиот од мермер кој сигурно е толку многу тежок што ме стресува! Ме смачкуваше како бреме, а одвреме-навреме во некоја халуцинација како да се навалуваше и уриваше ... Денес е недела; утрото осамна во тешка и влажна магла; ќе биде еден од тие врели есенски денови кои овде се нарекуваат „индијанско лето“. Врз Њујорк се надвисна мртвилото на англиските недели а, по авениите, електричните возила се договорија малку да починат. Нема што да се прави, театрите штрајкуваат и дури утре ќе можам да почнам да ги следам пробите на драмата која ме донесе во Америка. Но, во соседството, сосем блиску, е Централ парк, кој го забележувам од мојот прозорец, со своите дрвја веќе соголени од лисја; и така, ќе одам таму по малку воздух и мир.
| Entry #14324 — Discuss 0
Winner Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
19 | 4 x4 | 1 x2 | 1 x1 |
- 1 user entered 1 "like" tag
- 1 user agreed with "likes" (1 total agree)
+1 1 се договорија малку да починат | Flows well | prontoo | |
| Она што ќе го раскажам за мојата прва ноќ во Њујорк ќе измами насмевка кај Американците, а токму тоа е и целта поради која пишувам. Се сеќавам дека во една книга од извонредниот Радјард Киплинг читав за стравот кој го доживеал Могли, детето од џунглата, кога за прв пат легнал да спие во затворена колиба: чувството дека над главата има покрив набрзо му станало толку неподносливо што бил принуден да легне под отворено небо. Нејсе! Таа ноќ во Њујорк претрпев речиси ист немир поради облакодерите, големите рекламни натписи над мене, црвените резервоари за вода поставени на скелиња од лиено железо. Толку многу работи во воздухот, навистина, недоволно мир таму горе. А потоа, шесте милиони луѓе збиени наоколу, тој мравјалник од луѓе, таа претерана натрупаност, сето тоа го попречуваше мојот сон. Ах! Облакодерите, изобличени и издолжени во сонот! Особено еден (оној кој, доколку не се лажам, ѝ припаѓа на компанијата за производство на каучук), оној кој се издигнува во непосредна близина, кој е целосно изграден од мермер и од чијашто тежина сигурно ќе затреперите од страв! Ме гмечеше како планина, а напати ми се причинуваше дека се навалува и се руши... Денес е недела. Утрото се буди во тешка и влажна магла. Денес ќе биде еден од оние топли денови од ова есенско доба кое тука го нарекуваме „циганско лето“. Над Њујорк натежна летаргијата која Англичаните ја чувствуваат во недела, а на авениите, електричните возила прекинаа со нивната активност. Нема што да се прави, театрите се затворени, а дури утре ќе започнам да ги следам пробите на драмата која ме доведе во Америка. Но во соседството, во непосредна близина, се наоѓа Централ Парк кој го гледам од мојот прозорец, со неговите веќе разголени дрвја. Ќе одам таму, во потрага по малку воздух и мир.
| Entry #14332 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
8 | 1 x4 | 2 x2 | 0 |
- 1 user entered 1 "dislike" tag
- 1 user agreed with "dislikes" (1 total agree)
| Ова што ќе го раскажам за мојата прва ноќ во Њујорк ќе ги насмее американците, но токму и затоа го пишувам. Во книга на извонредниот Радјард Киплинг се сеќавам дека читав за стравовите на дивиот Могли кога за првпат легнал во колиба со покрив – впечатокот дека го чувствува покривот врз неговата глава наскоро му станува толку неподнослив поради што бил принуден да се испружи под прекрасното ѕвездено небо. Па добро! Јас скоро и да доживеав слична тегоба во оваа ноќ, а ме мачеа токму облакодерите, големите рекламни пораки над мене, големите црвени резервоари за вода искачени на железни нозе. Навистина, премногу работи во воздух, без некое спокојство таму горе. А потоа, тие шест милиони човечки суштества изгмечени наоколу, тој вриеж од народ, и таа претерана натрупаност што го задушуваат мојот сон. Ах! Облакодери, изобличени и издолжени во сон! Особено еден (оној, ако не се лажам, на трустовите на гуми), кој изникнува онаму близу, кој целосно од мермер треба да има тежина од која човек ќе се стресе! Тој ме смачкуваше како вишок товар, а понекогаш некоја халуцинација ми го покажуваше како наведнат и трошен... Денес е недела. Утрото се буди во тешка и влажна магла. Ќе биде еден од топлите денови на оваа есенска сезона што овде се нарекуваат «индијанско лето». Врз Њујорк натежнува вкочанетоста на англиската недела, а по авениите, електричните автомобили си дозволија малку одмор од движење. Нема што да се прави, театрите не работат и само утре ќе може да почнам да ги следам повторувањата на драмата што ме доведе во Америка. Но во соседството, сосема близу, се наоѓа Централ парк, кој го забележувам од мојот прозор со неговите веќе разлистени дрвја. Ќе одам таму, да побарам малку воздух и мир.
| Entry #14213 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
6 | 1 x4 | 1 x2 | 0 |
- 1 user entered 1 "like" tag
- 1 user entered 1 "dislike" tag
- 2 users agreed with "dislikes" (2 total agrees)
| Она што ќе го раскажам за мојата прва ноќ помината во Њу Јорк сигурно ќе ги насмее Американците; затоа и пишувам. Се сеќавам дека имам прочитано во една книга од прекрасниот Рудјард Киплинг за стравовите на дивиот Могли првиот пат кога спиел во затворена колиба: чувството дека има покрив над глава наскоро му станало толку неподносливо што морал да оди да си легне надвор, под отворено небо. Па така, таа ноќ доживеав речиси ист страв, но тоа беа облакодерите, големите букви од реклами над мене, големите црвени буриња качени на железни ногарки; премногу нешта во воздухот, навистина, таму високо немаше доволно мир. А и овие шест милиони живи суштества настегани наоколу, овој човечки мравјалник, оваа претерана натрупаност ми го гуши сонот. Ах тие облакодери, ми се прикажуваа деформирани и издолжени во сонот ! А особено еден, (оној од фирмата за гуми ако не се лажам) ; еден што се издига тука, многу блиску, што е целиот од мермер, со тежина од која глава боли! Ме смачуваше небаре неподнослив товар, а понекогаш , во некое бунило, ми се прикажуваше и наведнат , како се руши... Денес е недела, утрото се раѓа во тешка и влажна магла; ќе биде топол ден за овој есенски период којшто овде го нарекуваат „индијанско лето“. Врз Њу Јорк тежи мртвилото на англиските недели, по авениите електричните автомобили се договориле малку да здивнат. Нема што да се прави, театрите не работат и дури утре ќе можам да почнам со пробите на драмата која ме доведе во Америка. Но во соседството, тука сосема близу, се наоѓа Сентрал Парк, можам да го видам од мојот прозорец, со неговите веќе соголени дрвја; ќе одам таму, во потрага по малку воздух и мир.
| Entry #14315 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
4 | 0 | 1 x2 | 2 x1 |
- 1 user entered 1 "dislike" tag
- 1 user agreed with "dislikes" (1 total agree)
| Она што ќе ви го раскажам за мојата првата вечер во Њујорк ги смееше Американците; па поради таа причина и пишувам. Во една книга од извонредниот Радјард Киплинг, паметам читав за стравот на дивиот Могли кога првпат спиел во затворена колиба: чувството да се има покрив над главата за него било толку неподносливо, што морал да си легне под ѕвездите. Леле! И јас синоќа имав слична мала мака: беа тоа облакодерите, беа тоа големите букви на рекламите над мене, беа тоа големите црвени буриња врзани за кованите столбови; во воздухот има многу работи, навистина, таму нема доволно мир. Потоа и овие шест милиони човечки суштества скупчени околу мене, ова изобилство на свет, оваа наметнатост на вишок прекумерно ме остава без сон. Ах! Облакодерите, искривени и издолжени во сон! Има еден (оној со постер за ластици, ако не се лажам), што се надвиснал во близина, целиот во мермер, со своето влијание те тера да се стресеш! Ќе ме смачка како преголем товар, а понекогаш во некоја халуцинација го гледам искривен и како се руши... Недела сме, над утрото се надвисналe тешка магла и влага; ќе биде еден од оние денови што наесен ги викаат „циганско лето“. Над Њујорк натежнала летаргијата на англиската недела, а на авениите електричните возила се договориле заедно да прават бучава. Нема што да се прави, театрите не работат, а од утре можеби ќе почнам да ги следам пробите на драмата што ме доведе во Америка. Но во соседството, во близина, е Сентрал Парк, го гледам низ прозорецот, со своите дрвја без лисје; затоа ќе одам таму, на малку воздух и мир. | Entry #13151 — Discuss 0
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
1 | 0 | 0 | 1 x1 |
- 1 user entered 1 "like" tag
- 1 user agreed with "likes" (1 total agree)
- 2 users entered 2 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (1 total agree)
ги смееше | Spelling Погрешно време. Треба да е во идно време. | prontoo No agrees/disagrees | |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | | ProZ.com translation contestsProZ.com translation contests offer a fun way to take a break from your normal routine while testing and honing your skills with fellow translators.
ProZ.com Translation Contests. Patent pending. |